This is default featured slide 1 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

This is default featured slide 2 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

This is default featured slide 3 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

This is default featured slide 4 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

This is default featured slide 5 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

Јасни концепти: Што е лупинг?

И покрај тоа што информатиката сè повеќе и повеќе е присутна во нашите животи, најчесто не можеме да сфатиме што всушност се случува во некој апарат (барем јас не можам).
          Пред некој ден пронајдов интересен термин, ме заинтересира и почнав да истражувам. Излезе дека тоа е проблем со којшто се сретнуваат сите информатичари кога прават некоја програма. Се вика лупинг (looping) или затворен циклус.
          За тие што не знаат што е лупинг... Значи, тоа е термин што го користат информатичарите за да дефинираат сплет од нешто шо имаат направено, нешто што нема едноставно објаснување за разјаснување на проблемот. Мене ми требаше подолго време за да дешифрирам, па затоа ќе се обидам сликовито да објаснам за да може да разбере секој лаик во оваа област.




Се вика дека „програмата „почнала со лупинг“ или „влегла во лупинг“ кога се случува следнава ситуација:


          Директорот на фирмата ѝ вика на секретарката:
          -Валерија, има семинар во Хелсинки, ќе трае една недела и сакам да дојдеш со мене за да ги запознаеш партнерите. Подготви го патувањето...

          Секретарката се јавува на маж и:
          -Слушај срце, една недела ќе бидам во странство со директорот, да знаеш дека ќе те оставам сам тој период.

          Мажот ѝ се јавува на швалерката:
          -Ана, злато мое: Вештерката ќе оди во странство. Цела недела ќе бидеме заедно, кралице моја.

          Ана му се јавува на детето што му дава часови:
          -Кристијан, имам многу работа следната недела.. Ќе ги одложиме часовите.

          Детето му се јавува на дедо му:
          -Ало, дедо: Следната недела немам часови, професорката ми е зафатена. Така што, конечно... Ќе дојдам кај вас!!

          Дедото (директорот во приказнава) ѝ се јавува на секретарката:
          -Валерија, брзо откажи го патувањето, оваа недела ќе ја поминам со внук ми, една година го немам видено. Нема да одиме во Хелсинки.

          Секретарката му се јавува на мажот ѝ:
          -Срце, кловнов се предомисли и го откажа патувањето, нема да одам во Хелсинки.

          Мажот ѝ ѕвони на швалерката:
          -Златце, извини. Нема да можеме да ја поминеме следната недела заедно. Дебелата го откажала патувањето.

          Швалерката му се јавува на детето на коешто му дава часови:
          -Кристијан, види, ми се сменија плановите, оваа недела ќе имаме часови како и секогаш.

          Детето му се јавува на дедо му:
          -Дедо, ваа замара, ми рече дека ќе сме имале часови, извини, нема да можам да дојдам кај вас.

          Дедото и се јавува на секретарката:
          -Валерија, внук ми ми рече дека нема да може да дојде оваа недела бидејќи има часови. Продолжи со подготовките за патувањето во Хелсинки.



                    Сеа јасно ти е шо е лупинг???

Агностик сум од пичка ти материна


Има една мала врата во чудата
И натпис со кој се моли
Не сакајќи

‘Луѓето нека не умираат, да ти ебам
Луѓето нека не умираат’

Еве цело попладне мислам
дека за да бидеме среќни
Само треба да го сфатиме тоа
А и нема потреба
Оти не ни можеме

Ни сакајќи

И после си испржив 2 кила компири
Не знам дали повеќе беа за радост
Или за вечера

Само ненормален може да му побара
на некој да не се плаши
Ќе се испоубиеме од студот во нас

Што треба да ти помине низ глава
Освен верба
За да се фрлиш
На пиењето
Или преку џам
Саркастично велеше една госпоѓа
‘Многу луѓе курви
Многу луѓе’

Мислев

Веруваме во многу работи
И треба да почнеме да правиме некоја

Не сум слушнал никој да каже
Дека на пуст остров
Би однел друга личност

Мислам дека треба да се штитиме
Повеќе помеѓу нас

Господе; ако си таму;

‘Нека не умираат луѓето,
Нека не сакаат да умрат

И кажи ми како да се ишишам’

Нашиот партнер не е совршен

Нашиот партнер не е совршен. Сите знаеме. Дури и он/а го знае тоа. Да, бидејќи понекогаш на еден или друг начин го кажуваме, го инсинуираме тоа со корисни фрази од типот „Ти глуп/а си или шо ти е?!?!“, па така малце сфаќа шо е работата. Сепак, помеѓу нас постојат личности кои се запнати да нè убедат во спротивното, дека нивната врска е како во некој филм, посебна, совршена и пред сè сакаат да нè убедат дека нашата НЕ Е, во никој случај, ни на крај памет.
Тоа се тип на луѓе коишто користат фрази како „мојата половина“ или „мојата сродна душа“, епа јас на овие луѓе директно би им рекол - ИДИОТИ! Шо мислите дека сте? Unicorns puking rainbows?
Некогаш, на овие истиве, им иде да кажат работи како „се разбираме... без зборови! Понекогаш мислам дека е телепатија.“ Чекај јас да ви кажам два збора, значи, ако јас те погледнам со ококорени очи, ќе сфaтиш дека сум изненаден, тоа не е телепатија! Тоа е основен инстинкт за опстанок!
Има други луѓе пак, коишто ми прават да се заљубам во нив, абе до уши! Тоа се оние кои викаат „Јас не се замислувам со друг/а.“ Лажеш! Ла-жеш. Како бе така не се замислуваш со друг/а? ...Сигурно? ...Со никој? ...Никогаш? Дури ни после гледањето на девојките од твитер календарот? Епа, ако не се замислуваш со никој, значи дека ти фали фантазија. Затоа постои фантазијата како човечка способност; за да можеме да уживаме во нешто, кое можеби е лошо, без да  го сториме. Па, кој не си ја замислил професорката како крвари до смрт или шефот на земја исецкан на парчиња со цревата извадени, додека ти му се смееш? Е има и такви, со малце нездрав памет.
Без сомнение, од сите овие.. лигавештини коишто ги користат, мене омилена ми е „Не ми е само дечко, и другар ми е.“ Ауу, е тука не можам. Одма ми се повраќа. Гледај сеа, не дека јас сум екперт за културните или терминолошки разлики, ама сигурна ли си дека ти е другар? Ти спиел гол во креветот? Епа не ти е другар, значи дечко ти е, љубовник, како и да е. Уствари шо сакаш да кажеш со тоа дека ти е другар? Дека е убав, пријатен, дружељубив? Не сфаќам стварно. Имам уште милион работи да кажам, ама ќе запрам тука.

Германски јазик


Добар ден на сите. Уствари, каков добар ден бе... ГУТЕН ТАГ! Мајн наме ист Мартин. Ха! Ако сакате, можам да продолжам на германски. Како зборувам германски значи... како да сум роден во Фолксваген. Не, стварно, многу го засакав, сега веќе го владеам. Германскиот е тежок, морам да признаам, не е како англискиот. Добро, сличен е, ама како да го зборуваш рано насабајле. Еве пример:
– Гуд мо’нинг!

– ГУТЕН МОРГ’Н.
Мене на првиот час ми кажаа дека за да зборувам германски треба да ги плашам другите. Епа, затоа Ангела Меркел команда! Жената си зборува германски. Ако зборуваше охридски на пример, пффф, само ќе ја заебаваа.
            Морам да кажам дека германскиот јазик е многу корисен, многу многу корисен. Служи за... за бизнис зделки, за да си купиш пиво во Палма де Мајорка... добро де, не служи, барем не како англискиот, ама битно, покорисен е од други.
Тоа шо не ми се свиѓа се методите за учење, не само за германски, туку за било кој јазик. Зошто, зошто се запнале да нè учат глупости наместо корисни работи? На пример, многу е корисно на германски да научиш да кажеш „Здраво, јас сум Мартин, живеам во Велес“. Мда, многу е корисно.. ама за шо? Ако се качам во некое такси во Минхен, Муних, Муншен, како и да е, и ако му го кажам тоа на таксистот, он ќе ми рече „шо ми е гајле па мене, да тебам“. Нели е пологично да ме научат да кажам „Однеси ме во центарот кај Штронзенфронзен и не ми врти крукчиња за да платам повеќе“ е тоа е корисно! Или други фрази кои подоцна ќе можеш да ги користиш. Фрази како „Не ме заебавај, мислев дека превозот со автобус во Берлин е бесплатен“, ете такви фрази, шо после ќе можеш да ги користиш и во Македонија!
Курсевите за учење јазик, јас не знам зошто, ама како да се направени од настрани, чудни луѓе. Има курсеви шо започнуваат, како на пример еден англиски курс, „Мај шумејкер ис рич“. Во колку разговори ти во твојот живот во странство си ја употребил реченицава? На колку луѓе си им кажал дека твојот чевлар е богат?! На колку??? Па и да му кажеш, на кој му е гајле? На никој бе, на никој! Добро, на жена ти, ама на никој друг!
Германскиот е особено добар за разговор со женска.
На англиски: „Гуд мо’нинг, маи да’линг. Хау дид ју слип, суитхарт?“ ^_^ И она одма те бацува...
Ај сега на германски:
– ГУТ’Н МОРГ’Н, МАЈН ХЕРЦ. ХАСТ ДУ ГУТ ГЕШЛАФ’Н, МАЈН ШАТЦ? И она цела испаничена: „Лелее, добро... одам по појадок!“
– „КОМ ХИР ЈЕТЦТ! НЕМЛИШ ИШ ЛИБЕ ДИШ!!!“

Филмови со тематика - природна катастрофа


Еден од омилените филмски жанрови ми се филмовите со природни катастрофи. Стварно голема штета шо во Македонија нема производство на такви филмови. Треба да признаеме дека во тој тип на филмови вистински експерти се Американците. Е, тие американски филмови со таква тематика се... како песните на Жељко... СИТЕ СЕ ИСТИ! За почеток, насловите. Сите имаат директни наслови. Најчесто, само еден збор за случајно да не испадне нешто друго и да нè изненади, не дај Боже. На пример, ако убијците се пирани, насловот е... „Пирана“. Ако е со метеори шо го уништуваат светот, насловот е многу оригинален... „Метеор“. Ако е со луѓе шо бегаат од лудница, насловот е... „Твитер“. Добро, има друг тип шо се викаат „Рецесија“ или нешто такво, ама тие не... не се успешни ич, оти реалноста е многу покатастрофална.
Јас лично, многу би сакал да присуствувам на конференциите каде што цела екипа од филмот е собрана за да одлучат кој наслов ќе го стават. На пример:
– Ај вака, на некој му текнува ли наслов за филм во којшто летно време има масакар и умираат многу луѓе?
– „Рибари на езеро“!
– Не, не, не, не... со повеќе смрт.
– „Пивофест“!
– Не бе, „Пивофест“, не, нешто со помалку сељаци... плус тоа, треба да преживеат дел од ликовите и да има можност за втор дел на филмот.
– А чекајте, што т.е. кој е убиецот во филмот?
– Ајкули.
– Хм, ајкула... ајкула... ајкула... Еј! Мислам дека ми текна! Шо мислите за... „Ајкула“?!
– Добро, не знам баш, мене некако ми изгледа збунувачки насловов.. Ама, ај ќе го ставиме тој, додека не ни текне некој подобар.
Сите овие филмови почнуваат исто, со ужасна смрт. Првите шо умираат се двајца млади и заљубени. Дечкото го украл клучот од лабораторијата на татко му за да отиде со женска му, да се испотат малку.
Девојката: Џони... ах... нема да нè убие татко ти, оти сме во лабораторијатааа, нелиииии?
Дечкото: Не, ннне... он нема... ќе бидеме живи додека не му згазиш на мазол... (македонски збор за жуљ бе, неписмени)
А она веќе го згазила миленичето на татко му, Мазол.
Девојката: Оу, колку е слатко, ќе ми јаде од рака.
Епа шо мислиш ти? Ќе видиш дека нема да ти ги остави ни ноктите. Секако, после првата смрт, секогаш почнува катастрофата на ист начин. Скршен кафез во некоја скришна лабораторија, полуден сеизмограф во заборавена соба, истекување на вода од недостижна цевка. Јас се прашувам зошто ставаат толку битни работи на места за коишто никој не знае дека постојат?! Се нервирам! Истото се случува и со G-точката, мме! И, секако, после толку лош пренос на ситуацијата, за џабе се сите аларми и готово... нема решение! Ама, секогаш има некој шо испаѓа со фразата којашто секаде ја има, ама баш во сите такви филмови: „НЕ ПАНИЧЕТЕ!!!“ Со оваа фраза се потврдува дека филмот е заебан. „Не паничете!!! Летачката пирана која штотуку ми го изеде увото.. не е опасна!! Мислам... само ја фаќа некоја мала нервоза кога гледа непознати луѓе!“ Добро, океј. Оваа е нервозна.. а онаа претходно шо ја изеде бабата? Шо и беше нејзе? Имаше напад на старост... уствари мислам, стрвост??
Потоа, има парада на ликовите. Неизоставен дел од овие филмови е таа група одбрани луѓе, започнувајќи со старците, шо случајно ги фаќа катастрофата додека одат да си ги видат внуците. Тие скоро секогаш се интерпретирани од стари славни, да не речам дигнати, умислени глумци од Холивуд... ваљда за да не ни биде гајле дали ќе умрат. Најчесто преживува жената, додека мажот со лавата до половина, раката и погледот дигнати нагоре, и вика „С... с... спасс..си се ти... Ссспаси се ти... ти уште можеш да имаш деца... Мисли на наталитетот!!!“
Друго нешто шо не може да се испушти е расното малцинство. Сакам да кажам, некој човек во боја, обично во црна боја, црнец де, поранешен висок функционер спасува некое мало немирно дете шо не послушало ниту една од сигурносните предупредувања. Како на пример: „Софија, злато... со лавата не се игра...“ или „Тими, душо... престани да  ги кршиш потпорите на облакодерот!“ или „КАЈЛ, СТОКО НЕРАЗБРАНА! ТИ КАЖАВ ДЕКА НЕ МОЖЕ МАЈМУНОТ ШО СИ ГО НАЈДЕ ДА ОСТАНЕ СО НАС ОТИ МАЈКА ТИ Е АЛЕРГИЧНА!!!“
И, за да се даде научен шмект на аргументот, постојат тие ликови – експерти. Тоа се двајца научници на коишто им е интересно да кажуваат фрази како „Сите патници во авионот, ќе умрат. Прашање на време е. Сето тоа се должи на фибро окципиталните цистички појави во изотопските јони во флукс – постериорниот реактор.“, а другиот, така замислен... „Добро... има... има нешто во теорија на колегата што некако малце не го сфаќам... ме буни шо значи „постериорно“? Напред или назад?“
Најдоброто од овие филмови е главниот лик. На овој, му се познава дека е главен лик, оти во сред хаос се избацува со фраза „Ако сакате да живеете... следете ме!“ По дифолт, сите одат со него, освен нели – детето, црнецот и старците. Протагонистот секогаш бил и ќе биде некој тип со бурно минато... екс пилот, екс сопруг и екс алкохоличар. Најверојатно се нашол таму за да се искупи за сè што направил, ама некако... секогаш црнецот го преварува! Како и да е, целото тоа катастрофално искуство му служи за повторно да биде пилот, за повторно да биде среќен со жена му и за... за повторно да биде алкохоличар!
Јас не сфаќам зошто ние во Македонија не направиме некој ваков филм, кога веќе толку се лесни за правење... Значи, ние тука имаме сè. Не ни фалат ни пожари, ни бубашваби, ни ништо. За да се подобри квалитетот на филмот можеме да му додадеме специјални дефекти, како секогаш, а на крајот, наместо КРАЈ, ќе напишеме ИЗВИНЕТЕ.
Ма не, кога ќе размислам подобро, кај нас насловот би бил нешто од типот „Сите празници во 2013 година се паѓаат во сабота!!!!“ Народе, не паничете!!!