This is default featured slide 1 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

This is default featured slide 2 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

This is default featured slide 3 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

This is default featured slide 4 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

This is default featured slide 5 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

Германски јазик


Добар ден на сите. Уствари, каков добар ден бе... ГУТЕН ТАГ! Мајн наме ист Мартин. Ха! Ако сакате, можам да продолжам на германски. Како зборувам германски значи... како да сум роден во Фолксваген. Не, стварно, многу го засакав, сега веќе го владеам. Германскиот е тежок, морам да признаам, не е како англискиот. Добро, сличен е, ама како да го зборуваш рано насабајле. Еве пример:
– Гуд мо’нинг!

– ГУТЕН МОРГ’Н.
Мене на првиот час ми кажаа дека за да зборувам германски треба да ги плашам другите. Епа, затоа Ангела Меркел команда! Жената си зборува германски. Ако зборуваше охридски на пример, пффф, само ќе ја заебаваа.
            Морам да кажам дека германскиот јазик е многу корисен, многу многу корисен. Служи за... за бизнис зделки, за да си купиш пиво во Палма де Мајорка... добро де, не служи, барем не како англискиот, ама битно, покорисен е од други.
Тоа шо не ми се свиѓа се методите за учење, не само за германски, туку за било кој јазик. Зошто, зошто се запнале да нè учат глупости наместо корисни работи? На пример, многу е корисно на германски да научиш да кажеш „Здраво, јас сум Мартин, живеам во Велес“. Мда, многу е корисно.. ама за шо? Ако се качам во некое такси во Минхен, Муних, Муншен, како и да е, и ако му го кажам тоа на таксистот, он ќе ми рече „шо ми е гајле па мене, да тебам“. Нели е пологично да ме научат да кажам „Однеси ме во центарот кај Штронзенфронзен и не ми врти крукчиња за да платам повеќе“ е тоа е корисно! Или други фрази кои подоцна ќе можеш да ги користиш. Фрази како „Не ме заебавај, мислев дека превозот со автобус во Берлин е бесплатен“, ете такви фрази, шо после ќе можеш да ги користиш и во Македонија!
Курсевите за учење јазик, јас не знам зошто, ама како да се направени од настрани, чудни луѓе. Има курсеви шо започнуваат, како на пример еден англиски курс, „Мај шумејкер ис рич“. Во колку разговори ти во твојот живот во странство си ја употребил реченицава? На колку луѓе си им кажал дека твојот чевлар е богат?! На колку??? Па и да му кажеш, на кој му е гајле? На никој бе, на никој! Добро, на жена ти, ама на никој друг!
Германскиот е особено добар за разговор со женска.
На англиски: „Гуд мо’нинг, маи да’линг. Хау дид ју слип, суитхарт?“ ^_^ И она одма те бацува...
Ај сега на германски:
– ГУТ’Н МОРГ’Н, МАЈН ХЕРЦ. ХАСТ ДУ ГУТ ГЕШЛАФ’Н, МАЈН ШАТЦ? И она цела испаничена: „Лелее, добро... одам по појадок!“
– „КОМ ХИР ЈЕТЦТ! НЕМЛИШ ИШ ЛИБЕ ДИШ!!!“

Филмови со тематика - природна катастрофа


Еден од омилените филмски жанрови ми се филмовите со природни катастрофи. Стварно голема штета шо во Македонија нема производство на такви филмови. Треба да признаеме дека во тој тип на филмови вистински експерти се Американците. Е, тие американски филмови со таква тематика се... како песните на Жељко... СИТЕ СЕ ИСТИ! За почеток, насловите. Сите имаат директни наслови. Најчесто, само еден збор за случајно да не испадне нешто друго и да нè изненади, не дај Боже. На пример, ако убијците се пирани, насловот е... „Пирана“. Ако е со метеори шо го уништуваат светот, насловот е многу оригинален... „Метеор“. Ако е со луѓе шо бегаат од лудница, насловот е... „Твитер“. Добро, има друг тип шо се викаат „Рецесија“ или нешто такво, ама тие не... не се успешни ич, оти реалноста е многу покатастрофална.
Јас лично, многу би сакал да присуствувам на конференциите каде што цела екипа од филмот е собрана за да одлучат кој наслов ќе го стават. На пример:
– Ај вака, на некој му текнува ли наслов за филм во којшто летно време има масакар и умираат многу луѓе?
– „Рибари на езеро“!
– Не, не, не, не... со повеќе смрт.
– „Пивофест“!
– Не бе, „Пивофест“, не, нешто со помалку сељаци... плус тоа, треба да преживеат дел од ликовите и да има можност за втор дел на филмот.
– А чекајте, што т.е. кој е убиецот во филмот?
– Ајкули.
– Хм, ајкула... ајкула... ајкула... Еј! Мислам дека ми текна! Шо мислите за... „Ајкула“?!
– Добро, не знам баш, мене некако ми изгледа збунувачки насловов.. Ама, ај ќе го ставиме тој, додека не ни текне некој подобар.
Сите овие филмови почнуваат исто, со ужасна смрт. Првите шо умираат се двајца млади и заљубени. Дечкото го украл клучот од лабораторијата на татко му за да отиде со женска му, да се испотат малку.
Девојката: Џони... ах... нема да нè убие татко ти, оти сме во лабораторијатааа, нелиииии?
Дечкото: Не, ннне... он нема... ќе бидеме живи додека не му згазиш на мазол... (македонски збор за жуљ бе, неписмени)
А она веќе го згазила миленичето на татко му, Мазол.
Девојката: Оу, колку е слатко, ќе ми јаде од рака.
Епа шо мислиш ти? Ќе видиш дека нема да ти ги остави ни ноктите. Секако, после првата смрт, секогаш почнува катастрофата на ист начин. Скршен кафез во некоја скришна лабораторија, полуден сеизмограф во заборавена соба, истекување на вода од недостижна цевка. Јас се прашувам зошто ставаат толку битни работи на места за коишто никој не знае дека постојат?! Се нервирам! Истото се случува и со G-точката, мме! И, секако, после толку лош пренос на ситуацијата, за џабе се сите аларми и готово... нема решение! Ама, секогаш има некој шо испаѓа со фразата којашто секаде ја има, ама баш во сите такви филмови: „НЕ ПАНИЧЕТЕ!!!“ Со оваа фраза се потврдува дека филмот е заебан. „Не паничете!!! Летачката пирана која штотуку ми го изеде увото.. не е опасна!! Мислам... само ја фаќа некоја мала нервоза кога гледа непознати луѓе!“ Добро, океј. Оваа е нервозна.. а онаа претходно шо ја изеде бабата? Шо и беше нејзе? Имаше напад на старост... уствари мислам, стрвост??
Потоа, има парада на ликовите. Неизоставен дел од овие филмови е таа група одбрани луѓе, започнувајќи со старците, шо случајно ги фаќа катастрофата додека одат да си ги видат внуците. Тие скоро секогаш се интерпретирани од стари славни, да не речам дигнати, умислени глумци од Холивуд... ваљда за да не ни биде гајле дали ќе умрат. Најчесто преживува жената, додека мажот со лавата до половина, раката и погледот дигнати нагоре, и вика „С... с... спасс..си се ти... Ссспаси се ти... ти уште можеш да имаш деца... Мисли на наталитетот!!!“
Друго нешто шо не може да се испушти е расното малцинство. Сакам да кажам, некој човек во боја, обично во црна боја, црнец де, поранешен висок функционер спасува некое мало немирно дете шо не послушало ниту една од сигурносните предупредувања. Како на пример: „Софија, злато... со лавата не се игра...“ или „Тими, душо... престани да  ги кршиш потпорите на облакодерот!“ или „КАЈЛ, СТОКО НЕРАЗБРАНА! ТИ КАЖАВ ДЕКА НЕ МОЖЕ МАЈМУНОТ ШО СИ ГО НАЈДЕ ДА ОСТАНЕ СО НАС ОТИ МАЈКА ТИ Е АЛЕРГИЧНА!!!“
И, за да се даде научен шмект на аргументот, постојат тие ликови – експерти. Тоа се двајца научници на коишто им е интересно да кажуваат фрази како „Сите патници во авионот, ќе умрат. Прашање на време е. Сето тоа се должи на фибро окципиталните цистички појави во изотопските јони во флукс – постериорниот реактор.“, а другиот, така замислен... „Добро... има... има нешто во теорија на колегата што некако малце не го сфаќам... ме буни шо значи „постериорно“? Напред или назад?“
Најдоброто од овие филмови е главниот лик. На овој, му се познава дека е главен лик, оти во сред хаос се избацува со фраза „Ако сакате да живеете... следете ме!“ По дифолт, сите одат со него, освен нели – детето, црнецот и старците. Протагонистот секогаш бил и ќе биде некој тип со бурно минато... екс пилот, екс сопруг и екс алкохоличар. Најверојатно се нашол таму за да се искупи за сè што направил, ама некако... секогаш црнецот го преварува! Како и да е, целото тоа катастрофално искуство му служи за повторно да биде пилот, за повторно да биде среќен со жена му и за... за повторно да биде алкохоличар!
Јас не сфаќам зошто ние во Македонија не направиме некој ваков филм, кога веќе толку се лесни за правење... Значи, ние тука имаме сè. Не ни фалат ни пожари, ни бубашваби, ни ништо. За да се подобри квалитетот на филмот можеме да му додадеме специјални дефекти, како секогаш, а на крајот, наместо КРАЈ, ќе напишеме ИЗВИНЕТЕ.
Ма не, кога ќе размислам подобро, кај нас насловот би бил нешто од типот „Сите празници во 2013 година се паѓаат во сабота!!!!“ Народе, не паничете!!!

Вратата од фрижидерот


 Кога стварно сакате да запознаете некоја личност, каде и погледнувате? ...Во очите? ...Рацете? ...Аурата? ...Цицките? Јас не. Јас кога стварно сакам некој да го запознаам и да дознаам вистински каква личност е, му ја погледнувам вратата на фрижидерот. Неверојатно е што сè може да се дознае за некој гледајќи што има закачено на фрижидерот. Стварно, не се заебавам... Јас да сум главен во НАСА, шо уште не губам надеж, наместо да пратам во вселената некоја сонда со поздрав на 40 јазици, би пратил една врата од фрижидер. Замисли, ако некоја вонземска цивилизација ја открие вратата, одма ќе сфатат какви сме. Тешки глупаци. Нешто шо никогаш нема да го сфати вонземјанинот е нашата врска со магнетите. Каква манија имаме ние со магнетите, не ми се верува. А зошто? Тоа не ми е јасно. Јас сум видел врати од фрижидери со доволно магнети за да ја откорнат Ајфеловата кула од корен... од километарска далечина! Сум видел работи на врати на фрижидери шо вие не би ми ни поверувале, луѓево стварно ставаат сè, бе! Цртежи, слики, белешки, рецепти, познати фрази, завиткани бомбончиња од свадба, епа, ако не можеш нешто да си најдеш дома, наместо да викаш по мајка ти, барај го таму на вратата на фрижидерот. Атлантида, јас сум сигурен и главата (на тој шо го чита воа) ја оставам, дека е закачена на нечија фрижидерска врата! Иако има и убави.. јас не викам дека не.. сепак, имам една порака: Господа произведувачи на магнети за на фрижидер, СТОП. Фрижидерите не го заслужуваат воа шо им го правиме. Абе, несвесно ги претвораме во семејни Боки 13ки!