Вратата од фрижидерот
12/19/2012 03:23:00 PM
No comments
Кога стварно сакате да запознаете некоја личност, каде и погледнувате? ...Во очите? ...Рацете? ...Аурата? ...Цицките? Јас не. Јас кога стварно сакам некој да го запознаам и да дознаам вистински каква личност е, му ја погледнувам вратата на фрижидерот. Неверојатно е што сè може да се дознае за некој гледајќи што има закачено на фрижидерот. Стварно, не се заебавам... Јас да сум главен во НАСА, шо уште не губам надеж, наместо да пратам во вселената некоја сонда со поздрав на 40 јазици, би пратил една врата од фрижидер. Замисли, ако некоја вонземска цивилизација ја открие вратата, одма ќе сфатат какви сме. Тешки глупаци. Нешто шо никогаш нема да го сфати вонземјанинот е нашата врска со магнетите. Каква манија имаме ние со магнетите, не ми се верува. А зошто? Тоа не ми е јасно. Јас сум видел врати од фрижидери со доволно магнети за да ја откорнат Ајфеловата кула од корен... од километарска далечина! Сум видел работи на врати на фрижидери шо вие не би ми ни поверувале, луѓево стварно ставаат сè, бе! Цртежи, слики, белешки, рецепти, познати фрази, завиткани бомбончиња од свадба, епа, ако не можеш нешто да си најдеш дома, наместо да викаш по мајка ти, барај го таму на вратата на фрижидерот. Атлантида, јас сум сигурен и главата (на тој шо го чита воа) ја оставам, дека е закачена на нечија фрижидерска врата! Иако има и убави.. јас не викам дека не.. сепак, имам една порака: Господа произведувачи на магнети за на фрижидер, СТОП. Фрижидерите не го заслужуваат воа шо им го правиме. Абе,
Subscribe to:
Post Comments (Atom)








0 коментари:
Post a Comment