Нашиот партнер не е совршен. Сите знаеме. Дури и он/а го знае тоа. Да, бидејќи понекогаш на еден или друг начин го кажуваме, го инсинуираме тоа со корисни фрази од типот „Ти глуп/а си или шо ти е?!?!“, па така малце сфаќа шо е работата. Сепак, помеѓу нас постојат личности кои се запнати да нè убедат во спротивното, дека нивната врска е како во некој филм, посебна, совршена и пред сè сакаат да нè убедат дека нашата НЕ Е, во никој случај, ни на крај памет.
Тоа се тип на луѓе коишто користат фрази како „мојата половина“ или „мојата сродна душа“, епа јас на овие луѓе директно би им рекол - ИДИОТИ! Шо мислите дека сте? Unicorns puking rainbows?
Некогаш, на овие истиве, им иде да кажат работи како „се разбираме... без зборови! Понекогаш мислам дека е телепатија.“ Чекај јас да ви кажам два збора, значи, ако јас те погледнам со ококорени очи, ќе сфaтиш дека сум изненаден, тоа не е телепатија! Тоа е основен инстинкт за опстанок!
Има други луѓе пак, коишто ми прават да се заљубам во нив, абе до уши! Тоа се оние кои викаат „Јас не се замислувам со друг/а.“ Лажеш! Ла-жеш. Како бе така не се замислуваш со друг/а? ...Сигурно? ...Со никој? ...Никогаш? Дури ни после гледањето на девојките од твитер календарот? Епа, ако не се замислуваш со никој, значи дека ти фали фантазија. Затоа постои фантазијата како човечка способност; за да можеме да уживаме во нешто, кое можеби е лошо, без да го сториме. Па, кој не си ја замислил професорката како крвари до смрт или шефот на земја исецкан на парчиња со цревата извадени, додека ти му се смееш? Е има и такви, со малце нездрав памет.
Без сомнение, од сите овие.. лигавештини коишто ги користат, мене омилена ми е „Не ми е само дечко, и другар ми е.“ Ауу, е тука не можам. Одма ми се повраќа. Гледај сеа, не дека јас сум екперт за културните или терминолошки разлики, ама сигурна ли си дека ти е другар? Ти спиел гол во креветот? Епа не ти е другар, значи дечко ти е, љубовник, како и да е. Уствари шо сакаш да кажеш со тоа дека ти е другар? Дека е убав, пријатен, дружељубив? Не сфаќам стварно. Имам уште милион работи да кажам, ама ќе запрам тука.