Добар ден на сите. Уствари, каков добар ден бе...
ГУТЕН ТАГ! Мајн наме ист Мартин. Ха! Ако сакате, можам да продолжам на
германски. Како зборувам германски значи... како да сум роден во Фолксваген.
Не, стварно, многу го засакав, сега веќе го владеам. Германскиот е тежок, морам
да признаам, не е како англискиот. Добро, сличен е, ама како да го зборуваш
рано насабајле. Еве пример:
– Гуд мо’нинг!
– ГУТЕН МОРГ’Н.
Мене на првиот час ми кажаа
дека за да зборувам германски треба да ги плашам другите. Епа, затоа Ангела
Меркел команда! Жената си зборува германски. Ако зборуваше охридски на пример, пффф,
само ќе ја заебаваа.
Морам да
кажам дека германскиот јазик е многу корисен, многу многу корисен. Служи за... за
бизнис зделки, за да си купиш пиво во Палма де Мајорка... добро де, не служи,
барем не како англискиот, ама битно, покорисен е од други.
Тоа шо не ми се свиѓа се
методите за учење, не само за германски, туку за било кој јазик. Зошто, зошто
се запнале да нè учат глупости наместо корисни работи? На пример, многу е
корисно на германски да научиш да кажеш „Здраво, јас сум Мартин, живеам во
Велес“. Мда, многу е корисно.. ама за шо? Ако се качам во некое такси во
Минхен, Муних, Муншен, како и да е, и ако му го кажам тоа на таксистот, он ќе
ми рече „шо ми е гајле па мене, да тебам“. Нели е пологично да ме научат да
кажам „Однеси ме во центарот кај Штронзенфронзен и не ми врти крукчиња за да
платам повеќе“ е тоа е корисно! Или други фрази кои подоцна ќе можеш да ги
користиш. Фрази како „Не ме заебавај, мислев дека превозот со автобус во Берлин
е бесплатен“, ете такви фрази, шо после ќе можеш да ги користиш и во
Македонија!
Курсевите за учење јазик, јас
не знам зошто, ама како да се направени од настрани, чудни луѓе. Има курсеви шо
започнуваат, како на пример еден англиски курс, „Мај шумејкер ис рич“. Во колку
разговори ти во твојот живот во странство си ја употребил реченицава? На колку
луѓе си им кажал дека твојот чевлар е богат?! На колку??? Па и да му кажеш, на
кој му е гајле? На никој бе, на никој! Добро, на жена ти, ама на никој друг!
Германскиот е особено добар за
разговор со женска.
На англиски: „Гуд мо’нинг, маи
да’линг. Хау дид ју слип, суитхарт?“ ^_^ И она одма те бацува...
Ај сега на германски:
– ГУТ’Н МОРГ’Н, МАЈН ХЕРЦ. ХАСТ ДУ ГУТ ГЕШЛАФ’Н, МАЈН ШАТЦ? И она цела
испаничена: „Лелее, добро... одам по појадок!“
–
„КОМ ХИР ЈЕТЦТ! НЕМЛИШ ИШ ЛИБЕ ДИШ!!!“










ТАНЦ'Н !
ReplyDelete